Роналдо одново со магичната „седумка“ на Јунајтед

144

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед и тоа е најзвучниот трансфер во Премиер лигата ова лето. Португалецот си замина од Јувентус и реши повторно да игра за Јунајтед, а денеска и го доби и бројот на грбот.

Роналдо одново ќе ја носи „седумката“ со која се прослави во првиот мандат на „Олд Трафорд“. Изминатата и оваа сезона тој број го носеше Единсон Кавани, а уругвајскиот интернационалец му ја отстапи.

Роналдо ќе дебитира за Јунајтед против Њукасл на 11 септември.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Без голови, тешко се доаѓа до шанса
СледноПјаниќ е нов фудбалер на Бешикташ