Швајцарскиот тим Шафхаузен го промовираше Артим Шаќири за нов тренер. Фудбалерот кој остави траен белег во националниот тим на Македонија, долго време беше без работа, откако последен пат работеше во Фљамуртари пред две години. Претходно беше дел од Кукс и од Шкендија.
Шаќири во Шафхаузен доаѓа на местото на Мурат Јакин, кој го превзеде кормилото на швајцарската репрезентација од Владимир Петковиќ, кој, пак, отиде во Бордо.
Според информациите од Швајцарија, тој нема веднаш да седи на клупата на Шафхаузен, односно ќе ја чека работната дозвола.
Шаќири има 73 настапи за македонскиот национален тим, и постигна 15 голови.