ЕУРО 2020 е зад нас, веќе го “архивиравме“. Со настапот на Македонија на најголемиот фудбалски репрезентативен самит во Европа го остваривме првиот сон. Сега на ред е нов сон – СП во Катар 2022.
На патот кон тој нов сон одиме без Горан Пандев, без нашата фудбалска икона која веќе не е во репрезентација. Зад него останаа само импресивни бројки и рекорди кои тешко дека некој ќе ги надмине.
Тоа што беше сега е историја. Време е за нова страница, за неговите наследници.
Тоа се, покрај другите, Елиф Елмас, Дарко Велковски, Езџјан Алиоски, Енис Барди, потоа Стефан Ристовски, Адис Јаховиќ…имаме ние квалитет и за тој втор сон.
Во случај на победа над Ерменија вечерва ние сме на делба на првото место во групата Ј по четири кола.
И потоа се е можно…
Македонијо, одиме кон сонот-СП!