На вечерашниот квалификациски дуел помеѓу репрезентациите на Македонија и Ерменија, на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе биде користен ВАР системот.
Кога станува збор за Македонија и нејзините мечеви на домашен терен, ова е втор пат да се користи овој систем. Првиот пат беше при полуфионалето од минатогодишната Лига на Нации кога триумфиравме над Косово со конечни 2:1, меч кој ни донесе огромен успех и радост.
Од друга страна пак, истиот тој ВАР на Европското првенство на кое бевме учесници не ни донесе среќа затоа што неколку одлуки за кои беше користен токму ВАР не ни одеа во прилог.
Да се надеваме дека вечерва на дуелот со Ерменија на Арената Тодор Проески, ВАР системот нема да биде потребно да се употреби, а и да биде така нека неговите одлуки бидат во наша корист.