Иако Вардар спортски се пласираше на завршниот турнир од СЕХА лигата за оваа сезона, со одлука на раководството налигата, „црвено-црните“ нема да играат на фајнл-фор турнирот поради позитивен тест на Ковид-19 на голманот Борко Ристовски.
Во изјава за српските медиуми, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ вели дека оваа одлука на СЕХА е голем срам.
„Каков срам. Тие велат дека само Борко е позитивен, додека за седум други играчи не минале 14 дена од втората доза на вакцина, па се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни го дадоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат сертификат за вакцинација, но и тоа не ни дозволија“, објаснува тренерот на Вардар.
Денеска се уште се чека клупското соопштение и реакција на оваа одлука на СЕХА.