ГРУПА Ј: Германија го победи Лихтенштајн, Романија славеше во Рејкјавик (видео)

169

Македонија и Ерменија одиграа 0:0 во меч од групата Ј со што Ерменците останаа на првото место на табелата, а Македонија е на третото место.

Во другите мечеви од нашата група Германија славеше со 2:0 на гостувањето кај Лихтенштајн. Тимо Вернер со гол во 41. минута ги доведе „панцерите“ во предност, а конечниот резултат го постави Лирој Сане. Германците ја запишаа третата победа во четвртиот меч од квалификациите.

А Романија го однесе целиот плен од Рејкјавик. Славеше против Исланд со 2:0 со головите на Денис Ман на стартот на второто полувреме и на Николае Станчиу во 81. минута. Ова е втора победа на Романците во групата по онаа над Македонија во првото коло, а имаат и два порази.

ПретходноМногу сакавме, малку направивме…Милевски тргна со реми!
СледноШведска подобра од Шпанија, Бугарите му „скинаа“ бод на европскиот првак (видео)