Некогашниот македонски младински репрезенативец, а сегашен интернационалец во редовите на ерменскиот тим Себан, Филип Дурански за тамошните медиуми го најави мечот од квалификациите помеѓу Македонија и Ерменија.
Играчот за врска смета дека двете репрезентации имаат голем квалитет но дека секако дека сака да победи Македонија.
„Нашата репрезентација ја краси голема мотивираност и атмосфера особено по успехот на Европскиот шампионат, и победата на Германија неодамна. Предност за Македонија е што игра на домашен терен и искрено сакам да победи Македонија. Ерменија е исклучително квалитетна и силна, има голем број на квалитетни поединци, не треба да се трошат зборови за Хенрик Мхтаријан. Добро е за Македонија што нема да играат Барсегјан и уште неколку фудбалери но мислам дека и оние кои ќе настапат се исто така многу квалитетни“ – вели Дурански за Ерменските медиуми.