Кристијано Роналдо едностано е феномен. Синоќа на мечот со Р. Ирска постигна два гола, со што дојде до бројката од 111 голови со што сега е светски рекордер.
Се разбира дека од сите страни доаѓаа честитките, не ској ден се уриваат вакви рекорди, сепак впечатливо е што во текот на денешниот ден изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Тој покрај другото за Роналдо го кажа и ова…
“Ова достигнување е награда за неговата блескава кариера. Роналдо не само што стана национален херој туку и меѓународна икона, идол на многу млади фудбалери ширум светот. Желбата за постојано напредување на Роналдо заслужуваат глобално воодушевување“.