ИСТОРИЈАТ: Имаме и добри и лоши моменти со Ерменија во Скопје

172

Македонија и Ерменија вечерва ќе го одиграат својот 11-ти меѓусебен натпревар, а во досегашните 10 скорот е израмнет: двете селекции имаат по четири победи, а два пати играле нерешено.

Со Ерменија ги паметиме добрите моменти само во Скопје, а на гости имаме само една победа и тоа во 2005 година.

Во квалификацискиот циклус за ЕП 1996 година, Македонија и Ерменија одиграа тогаш 2:2 во Ереван, а потоа Ерменците славеа во Скопје со 1:2. Во квалификацискиот циклус за СП 2006 година, Македонија два пати победи: 3:0 во Скопје, и 1:2 во Ереван.

Следуваше дуелот во Скопје во 2009 година кој заврши 2:2, откако со пенал во финишот се спасивме, а потоа на реваншот во Ереван бевме непријатно поразени со 4:1.

Во 2018 година за еден месец одигравме два пати со Ерменците во Лигата на Нации. Победа дома од 2:0, но затоа убедлив пораз на гости со 4:0. Повторно се сретнавме во Лигата на Нации во 2020 година, и ги победивме дома 2:1, а на гости во Никозија бевме поразени со 1:0, и со тоа Ерменците завршија како први во групата во Ц Лигата на нации.

Сега следува 11. пресметка, се надеваме на петта победа на македонскиот национален тим.

 

Претходно„Металците“ со комбиниран состав во Лесковац, патува и 15-годишниот Величковски
СледноСтартуваме со Чолаковски, Илиевски и Воша во нападот (СОСТАВ)