Косово ја шокираше Грузија среде Батуми!

530

Репрезентацијата на Косово дојде до првата победа во групата Б во квалификациите за СП во Катар 2022 година. Имено доцна попладнево, селекцијата на Косово со 1:0 ја победи Грузија на нејзин терен, и тоа Батуми. Решавашкиот гол за триумф на гостите беше дело на грузискиот играч Кочолавам кој во 18.минута си ја затресе својата мрежа.

Да кажеме дека во самиот финиш, гостите постигнаа уште еден гол, но истиот беше поништен од ВАР.

Грузија и во четвртиот меч не успеа да дојде до првата победа.

Инаку Косово толку желно сакаше да игра со Грузија на нејзин терен, но во некои друго време, во финалето на плеј-офот за пласман на ЕУРО. Сепак во полуфиналето загуби од Македонија во Скопје со 2:1. Потоа ние игравме во Грузија… се понатаму е историја.

За нас.

ПретходноПортугалија го ослободи Роналдо
СледноФенербахче му го раскина договорот на Пероти