Македонија-Ерменија: Моќно, силно…одиме на победа!

606

Се она зад нас е историја. Успесите, настапот на ЕУРО 2020, резултатите, победите, поразите. Од вечерва со нов селектор, со нова “команда“ продолжуваме во квалификациите за СП во Катар 2022. Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот, ја дочекуваме Ерменија, и тоа во меч од 4.коло во нашата квалификациска група Ј. Досега имаме две победи, над Лихтенштајн и онаа епската над Германија, поразени бевме само во Букурешт во тој мартовски циклус.

Значи со триумф вечерва над Ерменците ние можеме да бидеме на делба на првото место во групата.

Македонија треба да продолжи таму каде што застана во март, но и да биде подобра. Мундијалот во Катар засега е само сон, но ако успешно го минеме септемрискиот циклус, со три победи и тоа со Ерменија, Исланд и Романија, е тогаш се е можно. Тогаш можеме сонот наречен СП во Катар и тоа како да го доближиме.

Новиот селектор Благоја Милевски си ја знае работата, вечерва на неговото деби се ќе беше поинаку ако беше и клучниот наш играч Аријан Адеми. Но и без него оваа селекција, овие момци како Ристовски, Елмас, Алиоски, Барди, Муслиу, Димитриевски и останатите…се доволно моќни и силни да одиграат уште една блескава партија во дресот со државниот грб и ги израдуваат сите фанови во нашата земја.

Ние веруваме во нив, како што верувавме досега, така веруваме и сега и ќе веруваме во иднина.

Ерменија е првата пречка за “новата“ Македонија, за силната и моќната Македонија.

Па, нека биде силна и моќна и вечерва…одиме на победа МАКЕДОНИЈО.

ПретходноДурански за ерменските медиуми: Ерменија е силна, но Македонија ќе победи
СледноИнфантино до Роналдо: Ти си меѓународна икона!