„Металците“ со комбиниран состав во Лесковац, патува и 15-годишниот Величковски

269

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром викендов ќе учествува на меѓународниот турнир во Лесковац, каде што „металците“ ќе настапат со комбиниран состав во кој главната улога ќе ја имаат новите странски засилувања и младите сили од кои тимот очекува многу во новата сезона.

Рехабилитацијата од повредите се причина поради која во Србија нема да патуваат капитенот Дамјан Стојановски, потоа Адем Мекиќ, Кристијан Николов и Дамјан Робев, кои ќе останат во Скопје за да ги одработуваат потребните терапии за што побрзо да се вратат во тимот.

Тоа значи дека тренерот Дарко Радуловиќ од поискусните на располагање ќе ги има Бојан Крстевски, Хуан Дејвис, Дастин Вер и Роберт Рикиќ, како и 19-годишните Андреј Андоновски, Дарио Митевски, 18-годишните Димитар Иванов и Марко Спасовски и нашата голема перспектива, 15-годишниот Бојан Величковски.

Во утрешното полуфинале, сино-белите ќе ги одмерат силите против домашниот тим на Здравље (17 часот), додека во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Борац Чачак и Вршац. Задутре, пак, се играат средбите за пласман и тоа победниците за првото место на турнирот, а поразените за третата позиција.

ПретходноФилип Блажовски се врати во ОК Вардар
СледноИСТОРИЈАТ: Имаме и добри и лоши моменти со Ерменија во Скопје