Милевски: Во целина сум задоволен како изгледавме на денешниот меч

1800

Благоја Милевски, селекторот на македонскиот национален тим, на прес-конференцијата по натпреварот со Ерменија, ја истакна играта на репрезентацијата на Македонија. Тој кажа дека во мечот недостасувало завршен пас, но и дека е задоволен од тактичката дисциплина.

„Честитки до селекцијата на Ерменија за одиграниот натпревар, посебни честитки до моите играчи, покажаа како треба да се однесуваат во националниот тим, првото полувреме треба да ни биде пример како треба да изгледаме во иднина. Во вториот дел ни фалеше тој завршен пас. Не се согласувам со вас дека згрешивме било каде, особено не со формацијата“, рече Милевски. 

Селекторот додаде дека натпреварувачката форма на играчите е проблем во моментов.

„Напреварувачката форма на голем дел на играчите не е на нивото, и ќе видиме за следните натпревари во каква состојба се играчите и ќе одлучиме кој ќе игра на следните мечеви. Не беше лесно да се пробие еден таков цврст и организиран противник, но ќе повторам, имавме одредени проблеми во транзиција, но поголемиот дел од мечот сум задоволен како изгледавме на денешниот меч.“, изјави Милевски.

 

ПретходноТешко оди без Пандев и Адеми!
СледноНе најдовме клуч за цврстата одбрана на Ерменците (ФОТОГАЛЕРИЈА)