ПОЛУВРЕМЕ: Без голови, тешко се доаѓа до шанса

169

Македонија и Ерменија играат без голови по првиот дел на средбата во Скопје. Тешко и едните и другите доаѓаат до шанса.

Ерменците добро се бранат, и ја чекаат својата шанса од противнапади. Во одбрана играат речиси сите на својата половина, па во една таква ситуација Македонија ретко доаѓа да го загрози Јурченко.

Една шанса преку Костадинов кој беше непрецизен со глава, а на спротивната страна ударот на Адамјан беше изблокиран.

Македонија се обидува по страничните позиции да пробие, успеваат некако Трајковски и Алиоски, но нема употреблив центаршут. Имаше и еден обид на Ристовски на крајот од првиот дел, но со левата нога шутираше крајно непрецизно.

ПретходноКостадинов како Каземиро, го „фаулираше“ судијата (ВИДЕО)
СледноРоналдо одново со магичната „седумка“ на Јунајтед