Португалија го ослободи Роналдо

337

Кристијано Роналдо заврши со обврските кон португалската репрезентација. По двата погодоци против Ирска за победа од 2-1 и запишаниот рекорд, тој нема да биде во составот на својот национален тим.

Роналдо доби жолт картон кој значеше суспензија од еден меч. Токму поради ова тој доби довзола порано да замине за Манчестер и да се подготви за дуелот против Њукасл, прв за него по враќањето во Јунајтед.

Роналдо нема да се појави на пријателскиот меч закажан за 4. овој месец против Катар, како и на 7 септември против Азербејџан.

ПретходноОфицијален состав: Одиме со 4-2-3-1, со Јаховиќ во нападот, Костадинов во средниот ред
СледноКосово ја шокираше Грузија среде Батуми!