Пјаниќ е нов фудбалер на Бешикташ

522

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ е нов фудбалер на турскиот гигант Бешикташ. Играчот од средниот ред подолго време е на излезната врата на Барселона, а се очекуваше да се врати во Серија А, но на крајот ја одбра Турција.

Екс-играч на Јувентус во новата сезона ќе ги брани боите на Бешикташ како позајмен со тоа што турскиот клуб ќе покрие 2,5 милиони евра од платата на Пјаниќ, додека другиот дел ќе го плаќа Барселона што значи дека поголем терет паѓа на каталонскиот клуб затоа што вкупната плата изнесува 8,5 милиони евра.

Договорот ќе биде потпишан откако фудбалерот ќе ги заврши настапите со БиХ во квалификациите.

 

ПретходноРоналдо одново со магичната „седумка“ на Јунајтед
СледноОФИЦИЈАЛНО: Мустафи ќе игра заедно со Барди во Леванте!