Роналдо е вистински „фудбалски лудак“ (ВИДЕО)

350

Секој одигран натпревар за Кристијано Роналдо обично значи и нова историја. Португалскиот фудбалер засекогаш ќе го памети триумфот над Ирска во квалификациите за место на СП во Катар следната година.

Во првото полувреме промаши пенал, по што Ирците веднаш казнија. Сепак Роналдо наместо трагичар стана јунак со два погодоци за победа од 2-1.

Овие голови не беа било какви, со нив стигна до бројката од 111 погодоци во дресот на репрезентација и постана апсолутен рекордер.

По овој меч доаѓа интересна видео снимка, на која може да се види како Роналдо во репрезентативниот автобус веднаш ги прегледува головите од дуелот.

ПретходноНијаз Лена ново име во Велешта!
СледноКостадинов како Каземиро, го „фаулираше“ судијата (ВИДЕО)