Сефер Емини повторно „лав“

632

Младиот напаѓач Сефер Емини ќе се врати во неговиот матичен клуб, Македонија ЃП и ќе одигра како позајмен фудбалер во следните шест месеци.

Тој има активен договор со рускиот второлигаш Акрон Тољати, но поради малата минутажа таму, за него беше неопходно да пронајде средина која што истото ќе му го овозможи.

А каде подобро, од неговиот матичен клуб, каде што тој очигледно и најдобро се чувствува. За Емини во моментов е најдобро да игра за да може да си го поврати статусот на младински репрезентативец.

Покрај него, Македонија ЃП ги договори уште и Марио Младеновски и Марио Крстовски исто така на позајмица.

 

ПретходноМарио Крстовски на позајмица во Македонија ЃП
СледноБрегалница се пофали со Миленковски