Дискусиите околу начинот на кој СЕХА-лига го елиминираше Вардар од фајнл-фор завршницата поради едно позитивно лице на Ковид-19 продолжуваат. Анализите велат дека регионалното натпреварување ја направи една од најкатастрофалните одлуки, овие заклучоци не се пристрасни бидејќи станува збор за македонски тим, потврда денеска дојде и од ЕХФ.
Европската „куќа на ракометот“ излезе со правилник за хигиена и заштита од Ковид за време на Европските натпреварување. Истиот е спротивен од одлуката на Управниот одбор на СЕХА-лига.
Концептот на ЕХФ се базира на трите правила: Вакциниран, прележан, тестиран.
Доколку ракометарите не се вакцинирани, а притоа немаат прележано Ковид-19 тогаш ќе мора да прикажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, може и антиген тест, но сепак се препорачува ПЦР тестот. Оние пак кои имале коронавирус, три месеци пред мечот не треба да бидат тестирани.
Токму овие правила на ЕХФ ги зголемија сомнежите околу веродостојноста на одлуката на СЕХА-лига. Дали Веспрем или Мешков Брест ќе бунтуваа исто и во ЕХФ, како што тоа го сториле вчера на состанокот на Управниот одбор на регионалното натпреварување, на кој како што откри првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, унгарскиот тим се заканил дека нема да учествува на Ф4 доколку Вардар добие дозвола да игра.
Одговорот сите го знаеме!