Стартуваме со Чолаковски, Илиевски и Воша во нападот (СОСТАВ)

726

Македонската репрезентација до 21. година денеска со почеток од 18:30 часот во Ле Ман, го игра квалификацискиот дуел против домаќинот Франција.

Навидум исклучително тешка задача за новиот селектор Драган Канатларовски и за неговите избраници кој кај најголемиот фаворит во нашата група го стартуваат новиот квалификациски циклус.

За овој дуел, Канатларовски се одлучи на голот да го постави Денковски, а во последната линија ќе играат Георгије Јанкулов како лев бек, стоперскиот тандем го сочинуваат Метју Божиновски и Ѓурковски додека позицијата десен бек ја пополнува Филип Антовски.

Во средниот ред се наоѓаат Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Томче Грозданоски, додека пак домаќинот ќе го нападнеме со Арби Воша, Стефан Чолаковски и Марио Илиевски.

 

ПретходноИСТОРИЈАТ: Имаме и добри и лоши моменти со Ерменија во Скопје
СледноРК Вардар се огласи по елиминацијата од Ф4