Тешко оди без Пандев и Адеми!

1000

Ете, ја видовме “новата“ Македонија, подмладената Македонија, под водство на новиот селектор Благоја Милевски, кој вечерва го имаше своето деби како селектор на А- тимот. Секако дека е рано да се пишуваат анализи и коментари само по 10 минути откако заврши мечот со Ерменија со тие 0:0.

Сепак, сепак првиот впечаток е дека тешко оди без Пандев и Адеми, досега нашите клучни играчи. Да, имаше желба, мотиви, но сепак нешто недостига, нешто…

Имавме посед кој најмногу се состоеше на средината од теренот каде безопасно делувавме. Имаше продори кон лево и десно, но без конкретна завршница. Безопасно додавање до Јаховиќ кој не влезе во ниту една прилика за гол, а центарфор е.

Одбраната на моменти беше одлична, но на моменти мораше Столе да спасува. Средниот ред подвижен, но на моменти пак правеше и големи грешки. Нападот? Што нападот? Освен ударите кон коголот кои во голема мера беа безопасни, освен оној на Алиоски, се останато беше слабо, немоќно, јалово.

Измените кои беа направени без потребното искуство за вакви мечеви, каде една грешка, еден кикс би значел и пораз, недоволни за пресврт.

Треба да се каже дека новиот капитен, Стефан Ристовски одигра капитенски, со жар, со желба. Како и секогаш го даде својот максимум во моментов.

И тоа е тоа.

Ерменија дојде до бод, и освои бод.

А ние можеме само да жалиме, веројатно очекувавме многу, многу повеќе. А освоивме само бод.

ПретходноШпанија загуби квалификациски меч за СП прв пат по 28 години!
СледноМилевски: Во целина сум задоволен како изгледавме на денешниот меч