Три гола примивме, голот не го видовме (ВИДЕО)

1467

Македонската репрезентација до 21. година не успеа да го изненади фаворитот Франција на стартот на новите квалификации, и загуби на гостуањето во Ле Ман со конечни 3:0.

Иако посакувавме добар старт и бодови со новиот селектор на клупата Драган Канатларовски, сепак, ситуацијата на терен реално во ниту еден момент не го дозволи тоа.Франција јака, силна, квалитетна, моќна. Заслужено дојде до победата, а  ние ќе мора да се свртиме сега на следнито дуел против Србија на 7. септември во Охрид во обид да ги обезбедиме премиерните бодови во оваа кампања.

Притисок од самиот старт, подарок водство од арбитрите

Не дека Франција не ќе дадеше и регуларен гол но реално оној на Мбуку во 26. минута тешко дека беше таков. Нафрлувањето од лево Мбуку го начека на петерец заби силно во гредата, топката се одби од земја и излезе во поле. Судиите покажаа на центарот но повторената снимка јасно покажа дека топката не ја мина линијата со целиот оквир.

Денковски наш најдобар поединец

Во овој дел од мечот ние се браневме, пробувавме да пробиеме со контра напади но реално, тоа не ни успеа. Немавме идеја во нападот, иако игравме со три напаѓачи, во ниту еден момент не ја имавме топката во посед повеќе од триесетина секунди. Голманот Денковски во првиот дел спаси уште сигурно три гола на домашните.

Камавинга покажа зошто е во Реал Мадрид

Второто полувреме го стартувавме со замена, Марио Илиевски излезе влезе Методиј Максимов, но и вака не направивме нешто повеќе на противничката половина, напротив. Се остана исто, Франција моќна и опсадата на нашиот гол во ниту еден момент не престана. Во 50. минута, Камавинга со удар од дваесетина метри по земја го измамува Денковски и зголемува на 2:0.

Во последните моменти од мечот Калулу заврши една речиси совршена контра на домашните со прекрасен лоб удар и ја запечати судбината на Македонија.

Франција – Македонија 3:0 (1:0)
Стадион ММА Арена во Ле Ман
Главен судија: Јури Фишер. Помошници: Неме Мемлаид, Сандер Сага (сите од Естонија)
Стрелци: Мбуку 26м, Камавинга 50.м. Калулу 89м (Ф)
Ж.картони: Камавинга (Ф) Фазлагиќ (М)

Франција: Меслие, Калулу, Салиба, Бадиашил, Бард (Труфе 80м), Какуере, Камавинга (турам 77м), Диоп, Мбулу(Фе Ле 68м), Чо (Калимуендо 68м), Гури (Мара 77м)

Македонија: Денковски, Јанкулов, Ѓурковски, Божиновски, Антовски (Шеји 74м), Елези, Фазлагиќ (Адем 84), Гроздановски (Скендери 68м), Илиевски (Максимов 46м), Чолаковски, Воша (Фераи 68м)

FOTO: ICON SPORT

ПретходноФенербахче му го раскина договорот на Пероти
СледноНијаз Лена ново име во Велешта!