Фенербахче му го раскина договорот на искусниот аргентински фудбалер Диего Пероти. Не е познато зошто екипата од Истанбул се решила на ваков чекор, но фудбалерот најави нешто сосема поинаку.
„Сега сум слободен да ја кажам вистината. Нема да кажам ништо против Фенербахче, туку ќе кажам зошто не ја продолживме соработката, и се околу мојата повреда“, напиша Пероти, без притоа да додаде нешто друго.
Пероти во четири меча за Фенер, постигна три гола.