Шпанија загуби квалификациски меч за СП прв пат по 28 години!

339

Шпанската репрезентација вечерва е поразена на гостувањето во Шведска со 2:1 во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Звучи неверојатно, но шпанската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификации за Светско првенство после март 1993 година. Тогаш подобри од „фуријата“ беа Данците со 1:0.

Шпанците ја прекинаа неверојатната серија од 66 меча без пораз во мундијалски квалификации. Во таа серија шпанската репрезентација запиша 52 победи и 14 нерешени резултати. Ете дојде крајот и на оваа серија…

 

ПретходноШведска подобра од Шпанија, Бугарите му „скинаа“ бод на европскиот првак (видео)
СледноТешко оди без Пандев и Адеми!