Ѓорѓиев: Борбата за осминафинале не е завршена (ВИДЕО)

240

Македонската фудбалска репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, загуби од домаќинот Финска со 3-1. Шансите за осминафинале се мали, но капитенот Никола Ѓорѓиев вели дека нема предавање, остануваат уште многу битки кои можат да се добијат.

„За жал го загубивме мечот против Финска. Истото ни се случи и сега како пред две години. Изгоревме во големата желба за победа. Јас се уште тврдам дека сме подобри од нив, тоа не се покажа на теренот. Многу ми е жал и многу ни е тешко на сите. По непроспиената ноќ тука сме сите заедно разговаравме и ќе се подготвуваме за следните четири натпревари. Историјата покажува дека секој следен натпревар го играме се подобро и подобро, се надевам дека сега ќе биде така и ќе ја израдуваме македонската јавност. Борбата за осминафинале се уште не е готова“, изјави Ѓорѓиев.

Македонија утре го игра вториот дуел за противник ја има селекцијата на Холандија, мечот е закажан со почеток во 19 часот во „Хакаметса Арена“ во Тампере.

ПретходноИнфантино до Роналдо: Ти си меѓународна икона!
СледноДодека пелистерци тренираа – направија свадбено фото за навек (ВИДЕО)