Она што и се очекуваше. Нашата репрезентација вечерва ќе биде во црвени дресови, нашата прва и основна опрема за фудбалските натпревари. Додека гостите од Ерменија ќе настапат во бели дресови со жолти нијанси на дресот.
Инаку јасно е дека во таа црвена опрема најдобро се чувствуваме и дека таа ни носи среќа, барем кога играме во Скопје на Националната Арена “Тодор Проески“.
Последен пат сме загубиле на 10 јуни 2019 година и тоа од Австрија. После тоа имаме девет натпревари во Скопје, во кои во седум наврати сме победиле а само на два меча сме одиграле нерешено.
Нека биде и вечерва победа.