Ристовски нов капитен, Трајковски прв “бомбардер“, Јаховиќ највозрасен, а Чурлинов најмлад…

934

 

Вечерва против Ерменија нашата репрезентација врти нова страница. Имаме нов селектор во името на Благоја Милевски, потоа имаме нов капитен – Стефан Ристовски. Со простувањето од репрезентацијата на Горан Пандев имаме некои други момци кои се во преден план.

Александар Трајковски сега е “прв бомбардер“ во репрезентацијата со 18 голови. Далеку се тие 38 голови на Горан Пандев, уште подалеку тие 122 настапи.

Кога сме кај настапите, токму Стефан Ристовски и Александар Трајковски сега се рекордери со по 68.

Следува Кире Ристевски со 48, па Џани Алиоски со 47 настапи за репрезентацијата. Тука ги сметаме само оние фудбалери кои се повикани од Милевски за овој циклус.

Со враќањето на Адис Јаховиќ, сега тој со 34 години е највозрасен, додека најмлад е Дарко Чурлинов. Имено тој е единствен кој е роден од 2000 година па наваму.

ПретходноДОБРА ВЕСТ: Сите ковид тестови на репрезентативците се негативни!
СледноИнтересен лик во Исланд: Тој фудбалер, како и неговиот татко, дедо, браќата, братучедите, чичковците…