Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед и тоа е најзвучниот трансфер во Премиер лигата ова лето. Португалецот си замина од Јувентус и реши повторно да игра за Јунајтед, а денеска и го доби и бројот на грбот.
Роналдо одново ќе ја носи „седумката“ со која се прослави во првиот мандат на „Олд Трафорд“. Изминатата и оваа сезона тој број го носеше Единсон Кавани, а уругвајскиот интернационалец му ја отстапи.
Роналдо ќе дебитира за Јунајтед против Њукасл на 11 септември.
𝐓𝐡𝐞 𝐌𝐚𝐠𝐧𝐢𝐟𝐢𝐜𝐞𝐧𝐭 𝐒𝐞𝐯𝐞𝐧 🔥
7️⃣ @Cristiano#MUFC | #RonaldoReturns pic.twitter.com/k5ss3CUaUO
— Manchester United (@ManUtd) September 2, 2021