Филип Блажовски се врати во ОК Вардар

106

Вардар продолжува да се засилува во пресрет на новата натпреварувачка сезона. „Црвено-црните“ по средниот блокер Клопчевски денеска официјализираа уште еден трансфер, враќајќи го назад во старото јато коректорот Филип Блажовски.

Станува збор за играч кој во минатото го носеше дресот на Вардар, а ланската сезона ја мина во редовите на Борец Велес. Нема сомнеж дека популарниот Боске ќе биде одлично засилување за „црвено-црните“ и своето искуство ќе го пренесе на помладите играчи.

„Среќен сум што се враќам назад во Вардар и со нетрпение очекувам да почне сезоната и да стартуваме со официјални натпревари. Ќе дадам се за да помогнам на клубот во остварувањето на зацртаните цели“, изјави Филип Блажовски.

ПретходноСЕХА над сите: Да беше ЛШ, ЕХФ ќе му дозволеше на Вардар да игра!
Следно„Металците“ со комбиниран состав во Лесковац, патува и 15-годишниот Величковски