Шведска подобра од Шпанија, Бугарите му „скинаа“ бод на европскиот првак (видео)

263

FOTO> Twitter/Nazionale Italiana

Репрезентацијата на Шведска ја свој терен во Стокхолм ја совлада Шпанија со 2:1 во меч од групата Б во квалификациите за СП 2022. Со тоа Швеѓаните останаа 100% затоа што имаат три победи од исто толку мечеви. Шпанците го впишаа првиот пораз, а одиграа четири меча.

Шпанците поведоа со голот на дебитантот Солер во 5. минута, но веќе во наредната акција изедначи Александар Исак. Во второто полувреме на асистенција на Колушевски мрежата на шпанскиот тим ја затресе Виктор Клаесон. Тој резултат остана до крајот.

Инаку ова е прва победа на Шведска над Шпанија по октомври 2006 година односно прва по три порази и два нерешни резултати со селекцијата од Пиринеите.

Во оваа група Косово со голот на Ведад Муричи победи во Грузија.

На „Артемио Франки“ во Фиренца европскиот првак Италија одигра 1:1 против Бугарија во меч од групата Ц. Kиеза донесе водство за Италија, а Илиев изедначи.

 

Италија е лидер затоа што имаат 10 бода од четири меча. Втора е Швајцарија со шест бода но од два меча.

Бугарија има два бода од четири меча. Северна Ирска е трета по триумфот над Литванија со 4:1 и има четири бода. Литванците се последни без бодови.

ПретходноГРУПА Ј: Германија го победи Лихтенштајн, Романија славеше во Рејкјавик (видео)
СледноШпанија загуби квалификациски меч за СП прв пат по 28 години!