Доста е! И официјално Марио Манџукиќ, легендарниот хрватски фудбалер реши да стави крај на својата блескава фудбалска кариреа. Популарниот Марио беше миленик на Хрватска, долгогодишен член на “коцкестите“ со кои пред три години дојде и до финалето на СП во Москва.
Фудбалската пензија ја објави на 35 години, негов последен клуб му беше Милан. Претходно играше и за екипите на Марсонија, Загреб, Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус, Ал-Духаил и Милан.
За репрезентацијата на Хрватска одигра 89 натпревари и на нив постигна 33 голови.