Филип Михаилов (23) од денеска одново е во тимот на Беласица. Струмичкиот второлигаш денеска го претстави своето ново име во своите редови, кој дојде од Академија Пандев. Всушност ова е негово враќање во таборот на Беласица, зошто до пред неколку месеци тој играше за струмичкиот тим.
Претходно Михаилов беше член на Осогово и Хоризонт Турново, инаку потекнува од школата на Академија Пандев.