Работнички потпиша ново име во свои редови. Станува збор за Босанецот, Недим Мустафица. 30-годишниот кошаркар ќе ја покрие крилната позиција, минатата сезона настапуваше за тимот на Промо во првата босанска лига. Токму добрите игри во овој клуб му донесоа добри препораки, имаше просек од 17,1 поен и 7,5 скока.
„Добив понуда да играм во најтрофејниот македонски тим Работнички од Скопје. Одлучив да ја прифатам понудата и да направам нов чекор во кариераta и да се пробам во друго првенство.Се радувам на новите предизвици со новиот тим, се надевам дека ќе ги оствариме целите, на Промо му пиосакувам многу среќа“, изјави за босанските медиуми новиот член на Работнички.
ФОТО: https://www.bhbasket.ba/