Нови проблеми за Мбапе, ги пропушта следните два меча на Франција!

327

Килијан Мбапе повторно има проблеми. Освен на клупски план каде што сака да оди во Реал Мадрид, а ПСЖ не му дозволува, сега „испадна“ и од француската репрезентација. Причината е повреда на ногата од мечот со БиХ кој заврши 1:1.

Младата француска ѕвезда не се прослави на тој меч, а заработи повреда и мораше да остане во Париз што значи дека нема да му биде на располагање на селекторот Дешамп за следните два квалификациски натпревари против Украина во гости и против Финска на домашен терен.

Да биде интересно, француските медиуми извадија податок дека од освојувањето на Мундијалот, Мбапе пропуштил 10 од вкупно 26 натпревари за репрезентацијата, што поради коронавирус, што поради повреди.

ПретходноФудбалер на Венецуела за малку ќе му ја скршеше ногата на Меси (видео)
СледноФенербахче ги ангажира Мејер и Бериша