Валенсија се пофали со Дуро и Коста

227

Португалскиот интернационалец Хелдер Коста е нов фудбалер на шпанска Валенсија. Крилниот фудбалер го напушти Лидс и како позајмен во новата сезона ќе настапува за поранешниот шпански шампион. А Валенсија има право да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата, се разбира, доколку биде задоволен од неговите настапи.

Коста претходно играше во Шпанија и тоа кратко во Депортиво Ла Коруња. Инаку кариерата ја почна во Бенфика, беше позајмуван во Монако, па потоа отиде во Вулверхемптон (прво позајмен потоа откуп на договор), па од таму премина во Лидс.

Има еден настап за сениорската португалска репрезентација.

Во Валенсија денеска пристигна и Хуго Дуро, шпански напаѓач кој дојде од редовите на Хетафе како позајмен на една сезона. Минатата сезона играше како позајмен во Б тимот на Реал Мадрид со ефект од 19 натпревари и 12 гола.

 

ПретходноМичковски во Силекс, Алексовски од Кратово во Македонска Каменица!
СледноМарио Манџукиќ стави крај на својата фудбалска кариера!