Без разлика дали е прволигаш, шампион или второлигаш како оваа сезона, Вардар како домаќин го личи да игра само на Арената во Скопје. Без разлика каде тренираат вардарци, тие треба да играат на нашиот најголем стадион. Па така ќе биде и во оваа сезона. Вардар и официјално своите мечеви кога ќе биде домаќин, ќе ги игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.
Се разбира тука се и “комитите“ и нивниот “запад“, ова се прави и заради нив, а интересно е тоа што на 11 септември, во меч од третото коло во ВМФЛ – ЗАПАД, Вардар за првпат ќе биде домаќин и тоа во големото дерби против Воска Спорт. Вардарци во првите две кола играа на гости, прво во Дебар кај Кораб а потоа и во Кратово кај Силекс.
Се разбира дека ова е раритет, второлигаш да игра како домаќин на Арената или некогашниот Градски, но нема да биде за првпат, пред се тука мислиме во самостојна Македонија.
Имено до 1999 година, кога Работнички беше второлигаш, исто играше на Арената во Градски парк.
Еве сега и Вардар…