Венгер не е загрижен: Арсенал сезоната ќе биде во врвот на табелата

338

Арсенал го има најлошиот старт на сезоната во последните 67 години. Овој тим во воведните три кола во Премер-лигата има три порази, последен од Сити од кого беше совладан со 5-0.

Лондонскиот клуб е во криза, а Артета мора да најде начин да го дигне тимот. Легендарниот Арсен Венгер, верува дека до крајот на сезоната Арсенал ќе заигра многу подобро.

„Минав убав дел од мојот живот во Арсенал. Ги пратам сите натпревари како фан и не сум загрижен, на сите може да им се случи ова. Арсенал има одлична екипа и до крајот на сезоната ќе биде во врвот на табелата“.

ПретходноМарио Манџукиќ стави крај на својата фудбалска кариера!
СледноФИФА покренува истрага за расизам на унгарските фанови!