Веспрем се пласираше во финале на Ф4 во СЕХА-лига и се најде на чекор од одбрана на титулата. Унгарскиот тим за кого настапува Дејан Манасков го совлада Мотор со 36-29 (20-14) и си закажа пресметка со ППД Загреб.
Македонскиот репрезентативец постигна два гола од четири обиди. Маргуч со 9 гола и Ненадиќ со седум беа први стрелци.
Мотор пружи силен отпор добро се држеше до 23. минута по која, Веспрем со серија од 6-0 поведе со 19-13. Со истата разлика унгарскиот состав замина на одморот (20-14).
Во продолжение Мотор се обидуваше да ги размрда редовите на противникот, дојде на 25-23, но во следниот напад Дејан Масков со првиот гол на мечот го спречи налетот на противникот.
Веспрем со нов налет на 10. минути до крајот го најави триумфот, поведе со 30-25 и до крај не дозволи изненадување.
Финалето се игра во недела со почеток во 19 часот.
Фото: Веспрем