Воска Спорт мисли и на иднината. Имено клубот потпиша професионални договори со Бехар Фета и Џемил Јахии. И двајцата се членови на У-19 селекцијата на Македонија, а Фета беше капитен на вчерашниот меч со Словенија.
И Фета и Јахии се скопски деца што се вели. Биле членови на фудбалската школа на Шкупи, потоа на Њу Старс и Шкендија, а во Воска Спорт се од ова лето. Посебно се истакнува Фета со своите голови на натпреварите на тимот од Охрид во изминатиот период.