Италија не ја победи Бугарија, но го изедначи светскиот рекорд по мечеви без пораз!

205

Во групата Ц од светските квалификации репрезентацијата на Италија одигра 1:1 против Бугарија на „Артемио Франки“ во Фиренца. Европскиот шампион и со ова реми ја продолжи својата серија без пораз, односно ја зголеми на 35. Да потсетиме дека претходно најдобар резултат на Италија беше 30 едноподруго мечеви без пораз помеѓу 1935-1939 кога тимот го предводел Виторио Поцо.

Но ремито со Бугарија означи и изедначување на светскиот рекорд по број на мечеви без пораз. По 35 натпревари без пораз имале Шпанија во периодот од 2007 до 2009 и Бразил во периодот од 1993 до 1996 година.

Италија следниот меч го игра против Швајцарија во Базел на 5. септември.

ПретходноЏака одбил вакцина пред да биде позитивен на Ковид-19
СледноФудбалер на Венецуела за малку ќе му ја скршеше ногата на Меси (видео)