Љупче Кудев и Анџело Николовски до крајот на сезоната ќе играат за екипата на Кит Го и тоа како отстапени фудбалери од Брегалница. Целта е јасна, големите таленти на штипските „сини“ во второлигашот од Пехчево ќе имаат далеку поголема минутажа, а со тоа добива и самата Брегалница.
Се разбира дека со овие двајца млади момци добива и Кит Го, кој е еден од најдобрите тимови во Втората лига – Исток.
Инаку Кудев игра на позицијата десно крило, додека Николовски најдобро се снаоѓа на местото десен бек.