Манасков и Веспрем го бранат СЕХА-тронот во Задар

117

По скандалозната одлука на Управниот одбор, Вардар да биде исфрлен од фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига поради едно лице позитивно на коронавирус, денеска почнуваат полуфиналните битки, град домаќин и оваа сезона е Задар.

Единствен македонски претставник ќе биде Дејан Манасков, кој со Веспрем ќе го бранат тронот. Токму унгарскиот тим е последен освојувач на пехарот и тоа на сметка на македонскиот првак. За противник во полуфиналето Веспрем ќе го има Мотор Запорожје, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот. Македонскиот репрезентативец со својот тим ќе го бркаат четвртиот трофеј.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Мешков Брест и ППД Загреб. Добро е познато хрватскиот состав, среќно, влета на местото на Вардар од кого претходно беше елиминиран во четвртфиналето.

ПретходноВо Далас ќе игра уште еден Словенец
СледноНејмар на мета на критики во Бразил: Трудното момче…