Силекс од денеска е посилен за офанзивецот Тони Мичковски, кој дојде во Кратово од Кит Го и ќе игра за составот на стратегот Горазд Михајлов една сезона и тоа како позајмен играч. Ова е големо засилување за кратовци, ако се знае дека Мичковски беше еден од најдобрите фудбалери на тимот од Кит Го.
Да потсетиме дека денеска пехчевци се засилија од Брегалница и тоа со Љупче Кудев и Анџело Николовски.
Исто така и Каменица Саса има ново име во своите редови. Тоа е Дарко Алексовски – Пеле, кој досега беше член на Силекс, но незадоволен од минутажата која ја добива побара да си оди. Кратовци тоа му го овозможија и тој потпиша за клубот од Македонска Каменица.