Недим Мустафица го засили Работнички

298

Работнички потпиша ново име во свои редови. Станува збор за Босанецот, Недим Мустафица. 30-годишниот кошаркар ќе ја покрие крилната позиција, минатата сезона настапуваше за тимот на Промо во првата босанска лига. Токму добрите игри во овој клуб му донесоа добри препораки, имаше просек од 17,1 поен и 7,5 скока.

„Добив понуда да играм во најтрофејниот македонски тим Работнички од Скопје. Одлучив да ја прифатам понудата и да направам нов чекор во кариераta и да се пробам во друго првенство.Се радувам на новите предизвици со новиот тим, се надевам дека ќе ги оствариме целите, на Промо му пиосакувам многу среќа“, изјави за босанските медиуми новиот член на Работнички.

ФОТО: https://www.bhbasket.ba/

ПретходноСловакот Кружлиак ќе ни суди на Исланд!
СледноНејмар им одговори на критичарите кои го нарекоа дебелко