Нејмар им одговори на критичарите кои го нарекоа дебелко

260

Нејмар се најде на мета на критики во својата земја, поради слабата игра против Чиле, меч на кој Бразил славеше со 1-0. Новинарите му замерија на фудбалерот на ПСЖ за тежината, но и за бледото издание.

Низ медиумите можеа да се видат најразлични критики, по кои во јавноста се огласи и Нејмар.

„Не одигравме добро, но победивме. Одиме понатаму. Имам нормална тежина, но носев преголем дрес. Следниот пат ќе барам помал“, напиша бразилската ѕвезда.

ПретходноНедим Мустафица го засили Работнички
СледноВоска Спорт потпиша договори со младите репрезентативци Фета и Јахии!