Нови проблеми за Вилшир: Тренира со Комо но не може да потпише договор!

526

Поранешниот англиски репрезентативец Џек Вилшир се најде во ситуација ниту еден клуб од водечките пет европски лиги да не го сака во своите редови. Англичанецот е слободен фудбалер откако раскина со Борнмут во јули, а од тогаш е во потрага по нов клуб. Конечно, се најде некој да го побара во своите редови, меѓутоа се појави нов проблем поради кој екс-фудбалерот на Арсенал и на Вест Хем не може да игра.

Според италијанските медиуми, Вилшир тренира со Комо кој е повратник во Серија Б. Овој клуб кој минатата сезона заврши како првопласиран во Серија Ц1 сака да го ангажира Вилшир меѓутоа се појави проблем затоа што играчот не е државјанин на Европската Унија. Поради отстапувањето на Британија од ЕУ нејзините граѓани веќе не се третираат како членови на ЕУ.

А според правилникот клубовите од Серија Б не можат да потпишуваат за играчи вон ЕУ кои претходно не играле (работеле) во Италија. Со тоа пропаѓа уште една можност англискиот фудбалер кој има 29 години да заигра барем во Серија Б.

ПретходноАндоновски: Респект за Гранолјерс, но нема да се предадеме
СледноСухељ Мухарем заминува во Струга Трим Лум