СЕХА идеален тим: Периќ прогласен за МВП, Бабиќ за најдобар тренер

92

СЕХА-лига пред стартот на фајнл-фор завршницата го одбра идеалниот тим за минатата сезона. Во него се најдоа двајца ракометари на Вардар и двајца на Е.Пелистер, а додека за најдобар тренер признанието отиде кај Жељко Бабиќ.

Од Вардар 1961 се најдоа Тимур Дибиров, кој е најдобар стрелец за изминатата сезона, и сега веќе екс-членот на овој тим, Глеб Калараш. Додека од битолскиот тим се најдоа Јосип Периќ, кој е прогласен за МВП на сезоната, додека вториот ракометар е Невен Стјепановиќ.

Вардар 1961 нема да биде дел од Ф4, откако беше исфрлен поради едно лице позитивно на Ковид-19.

ПретходноХоландија е наш нов предизвик: Само храбро и со ладна глава
СледноВо Далас ќе игра уште еден Словенец