Сухељ Мухарем заминува во Струга Трим Лум

773

Нов играч на тимот на Струга Трим Лум е досегашниот напаѓач на тимот на Работнички, Сухењ Мухарем.

Реално тој не ја доби вистинската шанса во Гратски парк, не беше на стартот на шампионатот во прв план кај тренерот Александар Влахо, па е одлучено дека најдобро во моментов за сите инволвирани страни е тој да замине во Струга Трим Лум.

Таму пак веруваат дека токму Мухарем е решението за нивните напаѓачки проблеми во моментов, а некогашниот млад репрезентативец на Македонија треба да го потврди тоа на терен.

 

ПретходноНови проблеми за Вилшир: Тренира со Комо но не може да потпише договор!
СледноКире Маркоски со дополнителен повик за репрезентација