Холандија е наш нов предизвик: Само храбро и со ладна глава

297

По стартниот пораз од Финска, македонската одбојкарска репрезентација денеска (19 ч.) во Тампере ќе го одигра и вториот меч од групната фаза на Европското првенство. Пред нашите момци е нов предизвик. Холандија, еден од фаворитите, почна со убедлива победа над Шпанија, па денеска ќе биде фаворит во пресметката со нашите одбојкари.

Избраниците на селекторот Николиќ одиграа само два добри сета во првиот меч со Финска, па ако сакаат изненадување со “лалињата” мора да потсетат на најдобрите партии од Европската лига ова лето.

Мора да бидеме поконцентрирани. Овде е европскиот крем. Овде не смее да има осцилации. Мора да го кренеме нивото на игра, ако сакаме успех”, вели организаторот на играта на нашата репрезентација, Филип Деспотовски.

Против Холандија последен пат официјален меч одигравме во квалификациите за ЕП во 2010 година. Во двата меча од квалификациите имавме половичен ефект, пораз од 3:0 и ппбеда од 3:2.

ПретходноКристијано Роналдо официјално во Гинисовата книга на рекорди
СледноСЕХА идеален тим: Периќ прогласен за МВП, Бабиќ за најдобар тренер