Ѓоковиќ лесно против Грикспор за влез во третото коло на УС Опен

125

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го продолжува својот пат кон историјата, а Холанѓанецот Талон Грикспор не можеше ништо да направи против големиот фаворит. Новак славеше триумф со 3:0 (6:2, 6:3 и 6:2) и влезе во третото коло на УС Опен каде што противник ќе му биде Кеи Нишикори.

Во третото коло се пласира уште и Канаѓанецот Денис Шаповалов кој со 3:0 го победи Шпанецот Карбељас Баена. Шпанецот се држеше само во првиот сет кој го загуби во тај-брејкот, а во следните два рано го изгуби ритамот и убедливо ги загуби.

Шаповалов во наредното коло ќе игра со Лојд Херис од Јужна Африка.

ПретходноКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП: Бразил го совлада Чиле, Аргентина лесно со Венецуела (видео)
СледноЏака одбил вакцина пред да биде позитивен на Ковид-19